Неодговорно и спротивно на вредностите на ЕУ – Жестока реакција на Дорис Пак до Бугарија за односот кон Македонија
Германската политичарка и долгогодишна поранешна европратеничка Дорис Пак упати остра критика кон новата бугарска влада и нејзиниот однос кон Македонија, оценувајќи го како неодговорен и спротивен на европските вредности.
Пак реагира во коментар на ставот на поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, кој остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат.
„Глупавото попречување на патот на Македонија кон Европската унија од страна на Бугарија е неодговорно и мора веднаш да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи единствено на Русија, Кина и другите авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами“, напиша Рот на платформата „X“
„Ова е неодговорно и не е во согласност со нашите вредности! Во актуелната ситуација во Европа и светот, повеќе од кога било досега мораме да стоиме заедно и да не создаваме проблеми со нашите соседи. Бугарија го правеше тоа премногу долго со Македонија, доволно е веќе – во интерес на сите нас“, напиша Дорис Пак.
Изјавата на Пак доаѓа непосредно по формирањето на новата бугарска влада под Руман Радев и првите изјави на новата министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.
Таа на средбата со македонскиот министер Тимчо Муцунски и во јавните настапи во Брисел повторно ја потенцираше бугарската позиција дека Македонија мора строго да се придржува кон договорот од 2022 година, вклучително и уставните измени и други обврски, предупредувајќи дека во спротивно ризикува да ја пропушти можноста за напредок во ЕУ.
Пак, која е позната како силен поддржувач на европската интеграција на Западен Балкан, повикува на итна деескалација.
Пак нагласува дека во време на војна во Украина и зголемени геополитички ризици, земјите од регионот мораат да работат заедно, а не преку нови или продолжени билатерални блокади кои го забавуваат патот кон Европската Унија.
„Доволно е веќе“, порачува Пак, јасно ставајќи го акцентот дека долготрајното блокирање и условувањето од бугарска страна станале контрапродуктивни и штетни за интересите на целиот регион и Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…