МВР ја откажале набавката на униформи од Српската Памитекс – Не биле „квалитетни“
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најавил министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“.
Одлуката следува по извршена суперанализа во странство, која покажала дека доставените примероци не го исполнуваат квалитетот пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето на рамковната спогодба, МВР ќе ја активира и банкарската гаранција на компанијата.
За разлика од оваа набавка, маскирните униформи за специјалните единици биле успешно реализирани преку битолската компанија „Ле Бранд“. Иако имало пролонгирања на роковите, од Министерството посочуваат дека тие биле согласно со законските процедури, а полициските службеници веќе ги користат униформите и се задоволни од нивниот квалитет.
Министерот признал и дека набавката на униформи за редовниот полициски состав е во застој. Тендерот, кој опфаќа околу три четвртини од вкупниот полициски кадар, бил поништен по вторпат поради несоодветен квалитет кај еден понудувач и превисока цена кај друг.
Од МВР најавуваат дека во иднина ќе инсистираат на поголема конкуренција и транспарентност во јавните набавки, со фокус на обезбедување поквалитетна опрема, реални пазарни цени и нови набавки на службени возила за теренска работа.
Министерот упатил повик до домашните и странските компании да учествуваат на идните тендери, со цел да се обезбеди поголема конкуренција и најдобра вредност за јавните средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР ја откажале набавката на униформи од…
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени…
Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни…
Кумановец отстранет од домот откако и се…
Отстранет од домот кумановец кој се заканувал…
Полицајци од интервентна полиција добиле кривична пријава…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…