Ќе се продаваат Хотелите Бристол и Јадран во Скопје

t

„Македонијатурист“ денеска преку „Македонска берза“ извести дека Собранието на акционери на 22 мај во петокот ја одобрило продажбата на хотелите Бристол и Јадран (Арапска куќа) во Скопје. Покрај хотелите, ќе се продаваат и становите што ги поседува ова акционерско друштво на улица Максим Горки и деловниот простор „Пивница“.

Претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а нагласено е дека цената по која ќе се продава овој имот ќе биде одредена од овластен проценител.

Истовремено одобрено е и купувањето на парцела од 8.081 метри квадратни во населбата Реонски центар во Општина Аеродром за 17,7 милиони евра на улица Г.Константиновиќ.

Угостителско-туристичкото друштво објави дека парцелата има градежна маркица за станбен и деловен простор кој ќе се издава и продава штом се изгради, а од „Македонијатурист“ сметаат дека оваа инвестиција во иднина дополнително ќе ги зголеми приходите.

Македонија турист“ ги поседува и хотелите „Белви“, „Бест-вестерн“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои, за разлика од овие што се продаваат, се активни и работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Прстен вреден 750.000 евра е пронајден во…

Раководството на еден од најпознатите хотели во…

Превентивно се повлекуваат Киндер јајцата од продажба…

Агенцијата за храна превентивно повлекува киндер јајца…