СДСМ: ВМРО од Македонија прават црна точка на Европа само за да ја задржат контролата врз државата
„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ. Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност. Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ја платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат“ соопштија од СДСМ.
Велат „додека Мицкоски им порачува на граѓаните дека треба да ја платат цената за децениско чекање за членство во ЕУ цело ВМРО за себе и своите семејства веќе си има обезбедено европски пасоши преку нивните бугарски државјанства и бугарски пасоши“.
„Лицемерно и нечесно. Типично за една криминална организација како ВМРО кои од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа само за да ја задржат контролата врз државата и да продолжат со криминалот и корупцијата. Граѓаните веќе јасно гледаат дека ВМРО-ОКГ никогаш не водеше битка за државните интереси, туку за власт, бизниси, тендери и лични привилегии. Лажниот патриотизам падна. Вистината излезе на виделина“ велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ВМРО од Македонија прават црна точка…
„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ…
Албанија влегува во последната фаза од преговорите…
Албанија денеска во Брисел влегува во нова…
Русија предупреди на „системски напади“, ЕУ им…
Европската унија соопшти дека нејзините дипломати остануваат…
Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема повеќе…
Прмиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со…
Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…