Српските критички медиуми Н1 и Нова продадени на фонд кој се поврзува со Орбан
Компанијата „Адриа њуз“ која ги поседува медиумите српските критички медиуми Н1, Нва, Данас, Радар, била продадена на инвестициската група „Алпак Капитал“ која има мнозинско сопствеништво на медиумската мрежа „Еуроњуз“, а се поврзува со поранешниот унгарски премиер Викот Орбан, јавуваат српските медиуми.
„Еуроњуз“ во Србија има репутација на медиум кој е наклонет кон актуелната влада, а во февруари оваа година, „Јунајтед груп“ ги обедини своите медиумски операции во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија под единствениот бренд „Адриа њуз нетворк“ којашто ги вклучува Н1, Нова С, Данас…
Сумата за која била продадени овие медиуми не е наведена во објавеното соопштение, но се наведува дека „Алпак Капитал“ понудил „највисока вредност, исполнувајќи ги принципите на управување и независност поставени од самиот почеток“, додека пак медиумите претходно објавија дека инвестициската група ќе плати 30 милиони евра за сите медиуми.
„Договорот за купопродажба на акции вклучува договорни механизми за заштита што ја зачувуваат уредувачката и функционалната независност на ANN, јасната поделба на уредничките и комерцијалните интереси, како и зачувувањето на независно надворешно советодавно тело“, се наведува во соопштението.
Како што објави „Раскрикавање“, зад компанијата „Алпак Капитал“ стои Педро Варгас Давид, додека неговиот татко, Марио Давид, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го нарече негов пријател на крајот од 2025 година.
Марио Давид претходно беше долгогодишен советник на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан.
„Алпак Капитал“ вели дека „Адрија њуз нетворк“ претставува важен додаток на нивното медиумско портфолио, во кое ќе продолжат да инвестираат со цел да обезбедат раст и развој. Тие исто така наведуваат дека се горди на својата европска ориентација и дека се свесни за важноста на проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.
„Во Алпак, ние веруваме во неутрално и базирано на факти, независно новинарство, со стабилни и одржливи деловни и финансиски резултати. Ова не се празни зборови – ова се потврдува секојдневно со работата на нашите новинари, како и со признавањето на независните и кредибилни организации на пазарот“, се додава во соопштението.
Приказната за продажбата на Н1 и Нова, неколкуте критични телевизиски станици, трае веќе долго време, а се забрза откако видеото на извршниот директор на Телеком, Владимир Лучиќ, и извршниот директор на „Јунајтед гуп“, Стен Милер, стана јавно објавено.
Во овој разговор се споменува разрешувањето на директорката на „Јунајтед гуп“, Александра Суботиќ, кое наводно го побарал претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во февруари оваа година, „Јунајте груп“ изјави за Дојче Веле дека „нема што да се каже за потенцијалните планови за продажба“. Сепак, се случија промени. Александра Суботиќ беше отпуштена, а Игор Божиќ, долгогодишен раководител на редакцијата на N1, исто така беше заменет.
Седумдесет и петгодишниот Брент Садлер бил регистриран како претставник на „Адрија њуз Белград“ и станал одговорен за медиумите во рамките на оваа група. Бранислав Шовљански, кој извршувал повеќе функции во оваа телевизиска станица, бил назначен за прв човек на редакцијата на Н1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските критички медиуми Н1 и Нова продадени…
Компанијата „Адриа њуз“ која ги поседува медиумите…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Вучиќ: Утре е голем ден за Србија,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до…
Српски медиуми: Организаторите на мистериозниот собир за…
Неколку стотици граѓани ги носеа слоганите „Ние…