13-годишно дете загина со тротинет кај селото Черкези
Дете од 13 години кое возело тротинет загинало во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези.
Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези.
-По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде лекар констатирал смрт. Во 21:20 часот во полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода-наведуваат од кумановската полиција.
Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…
МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Приведени 14 лица,…
Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето…
Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…
Полицијата одзема мотор од 16-годишник, возел без…
На 26.09.2026 во 17:30 часот во Гостивар,…
Малолетници пронашле неексплодирана рачна бомба, во полицијата…
Неексплодирана експлозивна направа била пронајдена во планински…