(Видео) „Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина“, рече претседателот на СДММ

t

Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина. Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО. Ние младите не прифаќаме таков изговор, рече на прес конференција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата криминална група – мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани. Мицкоски вели „ќе ја платиме цената“ и дека треба да чекаме со децении за членство. Мицкоски нема да ја плати цената, неговите пајташи во Владата со бугарски пасоши кои веќе си обезбедиле ЕУ исто така нема да ја платат цената“, вели Стојчевски.

Обвини дека додека жителите на Македонија треба да живеат во изолација и да чекаат по 10 часа на граница, членовите на власта и нивните семејства имаат ЕУ – бугарски пасоши.

„Најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина. Камен на камен нема да остане. Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капатата а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја. Младите сакаат самите да одлучат во каква држава ќе живеат. Младите не сакаат да ја платат цената заради Мицкоски. Ова не е прашање на една партија или на еден подмладок туку на сите млади во Македонија. Младите имаат право сами да кажат по кој пат ќе оди Македонија. Затоа што токму младите ќе ја живеат таа иднина. Токму младите ќе ги носат последиците од секоја денешна одлука на Мицкоски. Младите имаат став и сакаат да се слушне нивниот глас. Затоа распишете референдум. Не бегајте од граѓаните, не бегајте од младите. Ние не сакаме да плаќаме цена. Ние сакаме иднина, европска иднина. Распишете референдум! Младите нека одлучат“, кажа претседателот на младината на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Според ММФ за период од само…

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница…

СДСМ: Нема пари за референдум, а има…

Соопштение на СДСМ Владата на Мицкоски признава…

СДСМ: Стоилковиќ отворено работи на соработка со…

Соопштение за јавност Како што месеци наназад…

СДСМ: ВМРО од Македонија прават црна точка…

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ…