Што мисли Мицкоски за предлогот на Мерц за постепена интегрција во ЕУ?

t

Премиерот Христијан Мицкоски даде свое мислење за предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интегрција во Европската Унија(ЕУ).

„Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата“, вели Мицкоски.

Тој потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи.

„Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не би можел да зборувам ништо додека не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година и јас тоа го коментирав тогаш – дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот, итн. Она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот којшто ќе го имаме во Тиват од 4-ти до 5-ти јуни, јас ќе бидам таму. Со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и овие идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавност“, изјави Мицкоски.

Инаку, постепената интеграција прво се споменуваше во контекст на Украина, а потоа се коментираше и за земјите од Западен Балкан. Украинските власти сметаат дека тоа е неправедно кон нив.

Албанскиот премиер Еди Рама сака неговата земја да биде дел од ЕУ што поскоро, дури и ако нема право на вето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…