Објавено на:

Кривична пријава за инспекторка од Куманово – Полицијата со детали

t

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(58), правен субјект и Л.Т.(61), сите од Куманово, поради сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите од полицијата, првопријавениот како управител на правното лице и инвеститор на градежните работи, во текот на 2022 година, со одобрение за градење издадено на неговиот татко и на друго лице, изградил магацин спротивно на основниот проект.

При изградбата биле направени измени во текот на градбата, при што бил изграден и дополнителен кат на магацинот, без тоа да биде предвидено во проектната документација.

Третопријавената, која била градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, според пријавата не презела службени дејствија кои била должна да ги преземе во врска со незаконската градба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го нервира поместувањето од летно на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…

Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…