Македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски освои злато на Европското првенство во атлетика за мали земји
Македонскиот репрезентативец и член на Атлетскиот клуб Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), на легендарниот стадион Stade Louis II во Монако.
Трајковски уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7,62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата позиција.
Поради грчеви во мускулот беше принуден да го прекине настапот и да не ги изведе преостанатите скокови, но и покрај тоа неговиот резултат остана недостижен за конкуренцијата.
1. Андреас Трајковски (Македонија) – 7,62 метри
2. Мухамет Кнџели (Албанија) – 7,46 метри
3. Андреас Мачалекидес (Кипар) – 7,33 метри
Ова е уште еден значаен меѓународен успех за македонската атлетика и потврда за континуитетот на Трајковски, кој и оваа сезона продолжува со одлични настапи на меѓународната сцена.
На победничкиот подиум се развиори македонското знаме, а од звучниците се слушна македонската химна – момент кој секогаш предизвикува гордост и силни емоции кај секој што ја претставува Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски освои злато на…
Македонскиот репрезентативец и член на Атлетскиот клуб…
Убиен министерот за одбрана на Мали, огранок…
Министерот за одбрана на Мали, Садио Камара,…
Прво место и национален рекорд за Дарија…
Македонската атлетика доби нов историски ден, на…
Јован Стојоски го освои 24 место на…
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го имаше својот…
Џихадистите јавно погубија младa тиктокерка во Мали
Млада корисничка на „Тикток“ од Мали беше…