(Видео) Д-р Ивановски: Дарувањето органи може да спаси повеќе животи во најтешките моменти

t

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, упати апел до граѓаните за подигнување на свеста за значењето на органодарителството.

Неговото видеообраќање е дел од националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

„Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во моментите кога е најтешко, кога се губи својот најблизок, да се донесе одлука. Да се даруваат органите, со цел да се продолжи животот на другите пациенти, на кои им треба најмногу. Тоа би било една порака од срце до целата македонска јавност“, истакна д-р Ивановски.

Министерот за здравство Азир Алиу порача дека институциите имаат обврска континуирано да го развиваат системот за трансплантација, да ја зголемуваат довербата кај граѓаните и да придонесуваат за создавање култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Д-р Ивановски: Дарувањето органи може да…

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника…

(Видео) Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и…

Во рамки на националната кампања под мотото…

(Видео) Д-р Штерјова Марковска: Oрганодарителството е чин…

Во рамки на националната кампања, што се…

Изpaелски експерт по микpoбиологија и имунологија pacпали:…

Професорот Ехуд Кимрон, раководител на Катедрата за…