Објавено на:

ЕУ: Трговските и инвестициските односи со Кина се неодржливи

t

Оваа оценка доаѓа по состанокот на Колегиумот на комесари посветен на односите со Кина.

Во соопштението објавено по состанокот, Комисијата ја повтори својата добро позната политика на „намалување на ризикот, а не раздвојување“ од Кина. „Кина е клучен партнер, а соработката и дијалогот ќе продолжат“, порачаа од Комисијата.

И покрај тоа, Унијата го признава постоењето на „растечки структурни тензии“ во меѓусебните односи. „Сегашната состојба на трговските и инвестициските односи не е одржлива. Како што економските и безбедносните интереси сè повеќе се преплетуваат, двете димензии ќе бараат посилен и поусогласен одговор“, се наведува во соопштението.

Од Комисијата додадоа дека заклучоците од денешниот состанок ќе послужат како темел за работата во наредните недели, во пресрет на понатамошните расправи кои се очекуваат на самитот на групата Г7 во Франција и на состанокот на Европскиот совет во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…