Објавено на:

Комплетното раководство на Пелистер поднесе оставки по поразот од Шкендија Арачиново

t

По испаѓањето од Првата македонска фудбалска лига, раководството на Пелистер одлучи да преземе одговорност за неуспешната сезона и најави повлекување од своите функции.

Од битолскиот клуб соопштија дека претседателот, членовите на управата, техничкиот директор и целиот стручен штаб ќе ги достават своите оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за резултатите.

Во соопштението се наведува дека во текот на сезоната биле вложени значителни напори за стабилизација на клубот и обезбедување опстанок во елитното друштво, но и покрај преземените мерки, целта не била остварена.

„Во изминатиот период беа реализирани бројни активности насочени кон подобрување на состојбите во клубот и задржување на прволигашкиот статус. Сепак, резултатите покажаа дека тоа не било доволно за исполнување на амбициите“, стои во реакцијата на клубот.

Покрај најавените оставки, актуелното раководство побара и спроведување целосна ревизија на работењето на Пелистер. Целта, како што посочуваат од клубот, е да се отстранат сите дилеми и сомнежи во јавноста околу финансиското работење и да се потврди дека средствата биле трошени транспарентно и согласно нивната намена.

Од Пелистер нагласуваат дека овој чекор претставува чин на одговорност, но и можност за детална анализа на досегашното функционирање на клубот, со надеж дека ќе бидат поставени темели за враќање на битолскиот фудбалски бренд на нивото кое му припаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…

Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…

Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…

Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…

Изгубен планинар на Пелистер – во тек…

На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во…

Успешна акција за спасување на планинар на…

По пријава на повредено лице од страна…

(Фото) Снежна бајка на Пелистер

Снегот го побели врвот на Пелистер. Ова…