„Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се залага за спроведување на уставни измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија.
Од владејачката партија велат дека Филипче ја продолжува политиката на поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев, која, според нив, довела до отстапки без соодветни гаранции за напредок на државата во евроинтегративниот процес.
Во соопштението се наведува дека Македонија нема да прифати нови уставни измени без јасни и цврсти гаранции од Европската Унија, како и без исполнување на обврските од страна на Бугарија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Филипче, како што го нарекуваат специјален пратеник на Бугарија во Македонија, треба да му пренесе на Радев дека без гаранции уставни измени нема да има и дека Македонија очекува испорака на пресудите од Стразбур“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Владата нема да дозволи нови национални отстапки сѐ додека не бидат обезбедени конкретни гаранции за евроинтегративниот процес и заштита на државните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…