Приведен ексдиректорот на Царина, Стефан Богоев
Поранешниот директор на Царина и ексградоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев, е приведен од страна на надлежните органи, пренесуваат дел од медиумите.
Неофицијално, приведувањето на Богоев наводно е поврзано со тековна истрага. Засега, од надлежните институции нема официјална потврда за причините, ниту детали за евентуалните постапки.
Акцијата се спроведува во координација со Основното јавно обвинителство, а според првичните информации, се однесува на сомнежи за местење тендер и незаконитости во постапка за јавна набавка поврзана со Царинската управа.
Според информациите, осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконитости поврзани со тендерската постапка.
Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Финансиската полиција и Обвинителството за конкретните сомнежи и за опфатот на истрагата. Јавноста очекува дополнителни информации од МВР и обвинителството во текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен стружанец за инцидент на прославата за…
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…
Македонец со грчка потерница уапсен на српската…
Припадници на Министерството за внатрешни работи во…
Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица…
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и…
Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…
Уапсени се двајца криумчари на мигранти во…
МВР информира дека вчера попладне во 12:25…