Грантови до 615.000 денари за млади кои ќе отвораат сопствен бизнис
Со фокус на намалување на невработеноста и зајакнување на економската активност, Владата денеска го усвои и го презентираше Оперативниот план за вработување за 2026 година.
Документот предвидува сет мерки насочени кон зголемување на вработеноста, подобрување на условите на пазарот на трудот и поттикнување на домашната економија преку нови инвестиции и активни политики за вработување.
Планот беше претставен од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Аднан Ејуп, кои истакнаа дека целта е создавање нови работни места и подигнување на животниот стандард.
За реализација на активностите се обезбедени над 40 милиони евра, а се очекува директна поддршка да добијат повеќе од 10.000 лица низ државата. Посебен акцент, како што беше посочено, е ставен на младите, долгорочно невработените, лицата со попреченост, корисниците на социјална помош и жените.
Министерот Дурмиши нагласи дека една од клучните цели на планот е создавање реални можности за вработување, при што значаен дел од мерките се насочени кон самовработување и започнување сопствен бизнис.
Во рамки на планот, младите ќе можат да аплицираат за грантови до 615.000 денари за отворање сопствен бизнис. Дополнително е предвидена поддршка за повратници од странство кои сакаат да инвестираат во земјата, како и за компании што отвораат нови работни места.
Оперативниот план вклучува и мерки за практикантства, обуки и дефицитарни занимања, со цел полесна интеграција на невработените на пазарот на труд и зголемување на нивните вештини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грантови до 615.000 денари за млади кои…
Со фокус на намалување на невработеноста и…
Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…
Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…
Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…
Во периодот јануари – март годинава во…
Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…
Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица…
Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени…