Ни Мерц ниту Пријателите на Балканот немаат предлог за интеграција кој ќе го заобиколи условот за внесување на Бугарите во Уставот
Во македонската јавност очигледно јак впечаток остави писмото на германскиот канцелар Мерц во однос на проширувањето. Тој впечаток се направи воглавном поради неговата погрешна интерпретација.
Толкувањето дека Фридрих Мерц предлага некаков модел на интеграција во ЕУ со кој би се избегнал условот од европската преговарачка рамка за уставни промени е погрешен и ниту на еден начин не нуди решение или алтернатива за обврската која ја има Македонија за да го започне процесот на проширувањето.

Прво ова писмо упатено до Европскиот совет и Европската комисија има за цел да најде решени за интеграцијата на Украина во ЕУ што пак САД го предвидуваат во евентуалниот мировен договор кој би го постигнале Русија и Украина.
“Предлагам дополнително да се разговара за идејата за она што јас го нарекувам „придружно членство“ за Украина….Мојата идеја е веќе сега да се направи чекор за директно вклучување на Украина во суштината и структурите на Европската унија. Она што јас го предвидувам е политичко решение кое носи ја води Украина значително поблиску до Европската унија и нејзините основни институции веднаш, без да влијае на тековните пристапни преговори, туку напротив поттикнувањеи поддршка на овој процес” вели Мерц во писмото.

Потоа тој предлага конкретни модели.
“Учество на состаноците на Европскиот совет и Советот на Европската Унија (без право на учество во гласањето), придружен член на Комисијата (без портфолио, целосно учествувајќи во работата но без право на глас), придружни членови на Европскиот парламент (без право на глас), придружен судија на Европскиот суд на правдата (формално „Помошник известувач“) и така натаму, чекор-по-чекор примена на acquis communautaire според напредокот на Украина во преговорите за пристапување – не автоматски, туку по одобрување од Советот и со соодветни заштитни клаузули….” предлага Мерц во писмото.

Потоа се осврнува и на Западниот Балкан и Молдавија.
Исто така, за овие земји би можеле да предвидиме значителни чекори на патот кон членство,
со на пр. привилегиран пристап до внатрешниот пазар и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки, на пр. со доделување статус на набљудувач на земјите од Западен Балкан во сите релевантни институции на ЕУ и со одржување заеднички седници на Европската комисија или Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан поврзани со прашања директно поврзани со регионот. Постепената интеграција би можела да се воспостави преку градење блокови кои би можеле да бидат основа за целосна примена на соодветните области на политиката, а потоа да бидат придружени со зголемена поддршка во процесот на спроведување на acquis ( правилата на ЕУ) Покрај тоа, ние би можеле да ја подобриме гореспоменатата институционална интеграција врз основа на суштинскинапредок. Сето ова би можело значително да ги приближи земјите кандидати до нас и со тоа да поттикне нова амбиција за понатамошни реформи потребни за постигнување полноправно членство” се вели во ова писмо на Мерц во однос на земјите од Западен Балкан.
Со реплика или свој предлог истапија и земјите од групата Пријатели на Балканот: Италија, Словенија, Словачка, Чешка и Австрија кои се спротивставуваат на забрзување на членството само на Украина. Тие во својот документ предлагаат.
“За да се одржи моментумот на проширување и да се унапреди европската интеграција, потребни се силни и привлечни стимулации што ќе ги мотивираат и граѓаните и политичките лидери кај кандидатите да спроведат неповратни реформи. Пристапот до европскиот единствен пазар базиран на заслуги – доколку е потребно, чекор по чекор – претставува таков стимул, забрзувајќи ја економската интеграција и регулаторната конвергенција, а воедно и заштитувајќи ја долгорочната перспектива за полноправно членство во ЕУ. Затоа, постепената интеграција во главните сектори на единствениот пазар – како среден чекор кон целосна европска интеграција – треба активно и систематски да се спроведува откако кандидатот ќе покаже високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ во релевантниот сектор и робусно и веродостојно спроведување на владеењето на правото” се вели во документот на групата “Пријатели на Балканот”.
Во оваа фаза во ЕУ не постои согласност околу било кој предлог. Во тек е активна дебата меѓу земјите членки која би требало да почне да добива поконкретни контури во јуни на заседанието на Европскиот Совет кој ќе се одржи на Кипар.
Во секој случај која и да е од опциите да превагне не постои можност да се избегне исполнувањето на условот кој го налага европската преговарачка рамка – внесување на бугарското малцинство во Уставот.
Пишува: Борјан Јовановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ни Мерц ниту Пријателите на Балканот немаат…
Во македонската јавност очигледно јак впечаток остави…
Јавното обвинителство го промовира новото лого
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска…
Длабока почит за најхуманиот чин: Медицинскиот тим…
Со длабока почит кон починатиот органодарител и…
Слаткар се откажа од парите од Агенцијата…
Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што…
Рубио: Американската политика кон Тајван не е…
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека…