Димитријевиќ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и Јахоски – Пуцко Петрол за случајот „Мазут“?
СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра?
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството.
„Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?“
Причината за ваквите одлуки е целосната партизација на институциите.
„Во Македонија нема правда туку целосно партизирано судство и обвинителство.“
Димитријевиќ нагласи дека ова го потврдуваат и европските институции.
„Тоа го констатира и Европскиот парламент во извештај, нема напредок во реформите, особено во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.“ додаде тој.
Генералниот секретар на СДСМ го повика обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за кои јавно рече дека ги има.
„Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот „Мазут“ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека „доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран„. Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, министерот Панче Тошковски, во интревју на телевизија рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Ете го клучот, ете го решението, бараме јавниот обвинител да го повика Панче Тошковски да му ги достави доказите за кои јавно зборува дека ги има.“ рече Димитријевиќ.
СДСМ најавува дека за овој случај ќе има одговорност.
„Ова ние нема да го заборавиме. По ослободување на заробените институции и враќање на власта во рацете на граѓаните, овој случај повторно ќе биде отворен“, порача Димитријевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитријевиќ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и…
СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара…
ВМРО-ДПМНЕ: За СДС единствена политичка агенда се…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко…
Филипче: СДСМ е државотворна партија со конзистентни…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача…
СДСМ: На денот кога Кошта го потврди…
„На денот кога претседателот на Европскиот совет,…
СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно…