Со видео надзор на јавните површини, Општина Бутел ќе се обидува да го запре вандализмот
Општина Бутел започнува со поставување на камери за видеонадзор на јавните површини, со цел да се заштити урбаната опрема и да се спречи натамошното уништување на општинскиот имот.
Оваа одлука следува по зачестените инциденти во изминатиот период, во кои редовно на мета на вандалите беа детските игралишта, спортско-рекреативните центри и парковите низ општината.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека локалната самоуправа ги исцрпила сите други можности за заштита, бидејќи и покрај сите апели и напори, уништувањето на имотот продолжува со несмален интензитет.
„Дел од терените не успеваат да останат цели ниту два месеци по нивното пуштање во употреба. Се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта и буквално целата урбана опрема“, посочува Костовски.
Снимките ќе служат како доказ за судски постапки Главната цел на воведувањето на видеонадзорот е полесно идентификување на сторителите и драстично намалување на девијантните појави во заедницата, објави 4news.mk Општината најавува нулта толеранција за вандализмот.
Сите снимени материјали од камерите во иднина ќе се користат како официјални докази во соодветни судски, кривични или прекршочни постапки против сторителите. Видеокамерите примарно ќе бидат лоцирани на места каде што има најголема фреквенција на граѓани и каде досега беше забележана најголема штета.
Градоначалникот Костовски упати уште еден дециден апел до сите жители на Бутел заеднички да се грижат за општинскиот имот, со цел децата и граѓаните да имаат безбедни, уредени и современи услови за забава и рекреација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со видео надзор на јавните површини, Општина…
Општина Бутел започнува со поставување на камери…
(Видео) Министерот за здравство на САД фаќа змии…
Снимката како американскиот министер за здравство Роберт…
(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…
На социјалните мрежи се појави нова снимка…
(Видео) 17-годишник пука со пиштол во бар во…
Вознемирувачка видеоснимка кружи на социјалните мрежи која…
Седницата на комисијата за надзор над работата…
Ве известуваме дека Комисијата за надзор над…