Објавено на:

Путин зборува за „неизбежна руска победа“, Украина го погоди неговиот роден град и го притискаат Крим

t

Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) оцени дека изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за неизбежната руска победа во Украина не се во согласност со состојбата на теренот и со предизвиците со кои се соочува Русија.

Во анализата објавена по настапот на Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, аналитичарите наведуваат дека руското напредување во текот на 2026 година значително забавило, додека украинските сили успеале да остварат тактички успеси и да го ограничат ефектот од руските офанзивни операции.

ИСВ посочува и дека бројките за територијална контрола кои ги изнесе Путин не се целосно усогласени со достапните податоци од теренот, што, според институтот, отвора прашања за точноста на информациите што ги добива руското раководство.

Во економската сфера, Путин на форумот ја истакна ниската стапка на невработеност и економскиот раст како доказ за стабилноста на Русија. Сепак, ИСВ наведува дека ниската невработеност делумно е резултат на недостиг од работна сила предизвикан од мобилизацијата и иселувањето на дел од населението.

Во меѓувреме, Украина продолжува со напади врз руската логистика и инфраструктура. Украинската армија неодамна соопшти дека воспоставила воздушна контрола над дел од копнениот коридор што ја поврзува Русија со окупираниот Крим преку јужна Украина.

Според украински извори, дронови редовно дејствуваат врз руската воена техника и логистички цели долж трасата Мелитопол – Чонгар, која има важно значење за снабдувањето на руските сили на полуостровот.

Покрај копнените правци, украинските сили ги засилија и нападите врз железничката инфраструктура, складиштата за гориво и поморската логистика во Азовското Море и во окупираните територии.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украински дронови извршиле напад и врз воени објекти во близина на Санкт Петербург, на повеќе од илјада километри од украинската граница, што претставува уште еден показател за зголемените способности на Киев за напади на голема далечина.

ИСВ заклучува дека, покрај воените предизвици, Русија сè потешко се справува и со економските и општествените последици од долготрајната војна, додека Украина продолжува да врши притисок врз клучните логистички и инфраструктурни точки зад линијата на фронтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин зборува за „неизбежна руска победа“, Украина…

Американскиот Институт за проучување на војната (ISW)…

Утре СДСМ ќе одржува Конгрес: „Нова идеолошка…

Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес…

45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да…

За вистината да не остане без глас…

(Видео) Купувачите конечно почнаа да го добиваат…

Trump Mobile T1 конечно стигнува до некои…

Струмичката болница формираше Кабинет за менаџирање на…

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека…