(Видео) Јакимовски: Секој вработен освен Лукровски добива отказ ако не се појави три дена на работа неоправдано, му истече боледувањето на 30 мај, а тој уште се излежава
Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека актуелниот градоначалник Стотир Лукровски цела недела не се појавува на работа иако му е истечено боледувањето.
„Наводното боледување му е истечено на 30.05 и на него пишува дека вработениот треба да се јави на работа на 30.05, но од тогаш до денеска, не се појавува на работа, а Законот за работни односи, Член 82, Став 1 е јасен и вели дека ако вработениот не се јави три последователни денови на работа и не го оправда своето отсуство, му следи отказ без отказен рок. Овој вработен може да отсуствува од работа по три основи, ако е на службен пат, ако е на годишен одмор или ако е на боледување. Тој не отвори боледување затоа што докторите одбиваат да му дадат лажно боледување како што се случи минатиот пат. Замислете, можно ли е, 500 илјади вработени во оваа држава да добијат отказ без отказен рок ако три дена не дојдат на работа, а само градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски може и понатаму да се излежава и да седи дома и тоа под заштита на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој рече дека после боледувањето му треба на човекот малку дома. Ова е навреда на интелигенцијата и на здравиот разум на граѓаните на Општина Карпош“, рече Јакимовски.
Го повика Трудовиот инспекторат да констатира техничка повреда на граѓаните на Општина Карпош.
„Законот за работни односи е системски закон и е основен за секој вработен. Тој не може да важи за сите граѓани, ама не за другарот на Христијан Мицкоски, да не доаѓа на работа и да нема никакво оправдување, а тоа да се случува во услови кога директорката на ИЈЗ држи пресови и кажува дека луѓе не доаѓале на работа и земале плата. Во конкретниов случај во Општина Карпош, тој зема 3.000 евра бруто плата. Општина Карпош плаќа двајца градоначалници, а како да нема ниту еден градоначалник“, вели Јакимовски.
Додаде дека секој вработен мора да се раководи по Законот за работни односи. Повика да се оди на предвремени локални избори во Карпош.
„Најздраво решение е граѓаните на Карпош да си го кажат своето мислење на избори и мислам дека нема потреба повеќе од резилење и изживување со граѓаните на општината, зошто луѓето имаат секојдневни потреби. Вработените кои ми се јавуваат, велат „се уморивме од неработење“. Ние доживуваме целосен застој и тоа не го заслужуваат граѓаните на Општина Карпош. Јас навистина би бил многу среќен кога после мене ќе дојде некој подобар од мене и ќе биде посветен, но очигледно дека овој човек мајка му не го родила за оваа работа и со сила не бива ништо. Сметам дека господинот Христијан Мицкоски треба да биде коректен кон своите сограѓани од општината затоа што ова нема смисла повеќе и треба да си одиме на избори“, посочи Јакимовски.
Поранешниот градоначалник не откри дали би се кандидирал за петти мандат – вели дека тоа ќе го покажат анкетите.
„Каде и да одите во Општина Карпош, секоја коцка што ќе ја видите е поставена од мене, секој квадрат асфалт, секоја сијалица, секоја фасада, секој метар должен канализација и така натаму. Сето тоа нормално дека емотивно ме врзува. И имало многу проблеми. Сето тоа значи поголемо задоволство кога ќе се надминат проблемите. Граѓаните на Карпош мора да имаат избор и очекувам добро да размислат за кого ќе го дадат гласот на наредните избори“, кажа Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јакимовски: Секој вработен освен Лукровски добива…
Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на…
Светско првенство 2026: Гвадалахара и Торонто, градови…
Светското првенство во фудбал 2026 ќе донесе…
Рекордно ниво на сиромаштија во Германија: Погодени…
Германија се соочува со највисоко ниво на…
Пресврт на времето: Доаѓаат есенски температури во…
Најновите синоптички анализи покажуваат дека од средината…
Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација…
Целосна дигитализација на системот на издавање и…