Филипче: Груевски добил српско државјанство од Вучиќ

t

„Оската ВМРО-ДПМНЕ – СНС – Фидес, односно Мицкоски – Вучиќ – Орбан, е директно поврзана со ова прашање. Имаме јасни информации дека Никола Груевски има унгарско државјанство, а имаме и сознанија дека тој добил и српско државјанство“, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за српски „Nedeljnik“. Тој потсетува дека екс-премиерот добил унгарско државјанство од неговиот поранешен унгарски колега, Виктор Орбан во 2022 година, додека српско државјанство добил токму од српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Христијан Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните тврдејќи дека Груевски нема унгарско државјанство, иако тоа беше познато. Тој јавно кажуваше дека сака да го уапси, а во исто време одбиваше да ја испрати документацијата за негова екстрадиција повеќе од еден месец. Ова е јасен доказ дека Мицкоски го штити Груевски, а не го гони“, кажал Филипче во интервјуто.

„Како и на Србија, и нам ни е потребен систем, а не еден човек како апсолутен владетел. Студентите во Србија успеаја да ја променат свеста на голем дел од граѓаните со своето движење. Тие покажаа дека, кога младите, граѓанското општество и опозицијата се здружуваат, авторитарниот модел може сериозно да се оспори.

Слична борба водиме и ние во Северна Македонија преку Фронтот за вистина и правда. Вистината значи слободни медиуми кои нема да бидат контролирани од владата и партиските интереси. Правдата значи вистинска борба против корупцијата и криминалот, а не празни ветувања“, додал, меѓу другото, Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…