Објавено на:

Газда на странска фирма го оштетил Буџетот за 2 милиони евра, а пропаднале и 9 милиони евра ИПА средства

t

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Како што стои во соопштението до медиумите, пријавениот С.Г.О.Б., во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со намера ги повредил прописите поврзани со постапката за јавен повик за проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, за кој во 2023 година бил склучен договор со Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамките на Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020).

Тој, иако бил должен во текот на неговата реализација да обезбеди важечка банкарска гаранција, како и да достави барање за одобрување на подизведувачи до договорниот орган, при извршувањето на договорот финансиран од Европската Комисија и Буџетот на РСМ, го прикрил стечајот на азербејџанската банка „Muganbank“ – која била издавач на банкарската гаранција, со што не ја открил околноста дека повеќе не располага со валидна гаранција, а истовремено ангажирал подизведувачи без претходно да обезбеди одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, со што постапил спротивно на договорните обврски и условите за реализација на проектот, поради што договорот бил раскинат, посочуваат од Управата за финансиска полиција.

Со горенаведените дејствија пријавените предизвикале штета на буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 127.425.036 денари, како и штета по основ на загубени ИПА средства во износ од 9.474.132 евра, кои државата ќе треба да ги обезбеди од сопствени средства, се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за битолчанец: Вршел полови дејствија пред…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54)…

Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…

Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…

Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…

Кривична против инвеститорот и четири лица од…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…

Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…

Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…