Објавено на:

Лекари во Србија првпат вградија вештачко срце кај тринаесетгодишник

t

Тим од Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“ и од Институтот за здравствена заштита на мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ успешно имплантираше механичка циркулаторна поддршка кај тринаесетгодишен пациент од Сараево.

Лекарите истакнуваат дека станува збор за исклучително сложена процедура што претставува мост до трансплантација на срце и нов чекор напред во  детската кардиохирургија во Србија, јави РТС.
Тринаесетгодишното момче, на кое му беше вградено вештачко срце поради сериозно срцево заболување, се опоравува добро, а лекарите велат дека таа интервенција му го продолжила животот и му дала можност да чека на трансплантацијата на срце, која му е потребна.

Според кардиохирургот д-р Саша Боровиќ, такви процедури изведуваат само ретки центри во светот.
„Успешно вградивме вештачко срце кај 13-годишно дете. Малку се центрите во светот што го прават ова. Се осмеливме да ги поместиме границите на медицината во оваа институција и благодарение на нашата заедничка работа и искуство, успеавме да го постигнеме тоа“, рече Боровиќ.

Тој истакна дека, според возраста на пациентот, ова е една од најретките процедури од ваков вид.

„Според возраста на детето, ова е трет ваков случај во светот. Двајца помали пациенти беа оперирани во САД, во врвни центри, а третиот сега е опериран во Србија“, рече Боровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекари во Србија првпат вградија вештачко срце…

Тим од Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“…

Вучиќ: Разговарав со Мицотакис за отворање нова…

 Претседателот Александар Вучиќ од Тиват, каде што …

„Што правиме со Македонија, Србија, Црна Гора…“:…

Европската Унија да размислува на големо и…

(Видео) Кои се патниците на кои им…

Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…