Ќе се исечат 25 дрвја низ Центар, биле суви, заболени и небезбедни
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ во наредниот период ќе сечат и кастрат дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, информираа од Општина Центар.
Согласно решенијата донесени од Град Скопје после извршен стручен увид на терен, само на „Ленинова“ на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“, е предвидено сечење на 3 и кастрење на 13 дрвја.
Според стручниот увид, дрвјата предвидени за сечење се биолошки деградирани, суви, заболени, мртви, или со нарушена стабилност на кореновиот и стеблениот систем, поради што претставуваат потенцијален ризик за безбедноста на јавниот простор. Кај дел од останатите дрвја е потребно кастрење поради суви и надвиснати гранки, тврдат од Центар.
Оттаму додаваат дека дрвјата што ќе бидат исечени ќе бидат заменети со нови садници постари од шест години во ист број и од истиот вид, кои ќе бидат засадени на истата локација каде што е извршено сечењето.
Инаку и на двете улици во тек е реконструкција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…