Објавено на:

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром

t

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 јуни во 11:10 часот во СВР Скопје.

„На крстосницата од улиците „Васко Карангелски“ и „Матеја Матевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (33) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С. (57) од Скопје“, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…