Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква-парк на скопјани
Од Левица реагираат дека Скопје и ова лето останува без функционален аква-парк, иако проектот е изграден и со години се најавува негово отворање. Според партијата, објектот веќе три години постои само како ветување, додека граѓаните во периоди на екстремно високи температури остануваат без дополнителни можности за рекреација и разладување.
Од партијата потсетуваат дека директорот Данијел Апостоловски во повеќе наврати најавувал дека аква-паркот ќе биде пуштен во употреба „следното лето“, „за неколку месеци“ или „наредната сезона“, но тоа сè уште не се случило.
„Наместо отчетност за тоа зошто аква-паркот не работи, скопјани добиваат нови рокови и нови оправдувања. Дополнителен проблем е што и други рекреативни капацитети во градот се соочуваат со запоставеност. Езерото Треска со години пропаѓа, а базенот во спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ беше предмет на најави за дополнителни санации“, наведуваат од Левица.
Партијата посочува и на податокот на Евростат дека значителен дел од граѓаните не можат да си дозволат летување, поради што јавните рекреативни содржини имаат уште поголемо значење.
„Скопјани не бараат нови мегапроекти, туку тоа што веќе е изградено да биде ставено во функција. Доколку и по трет пат не успее да го отвори аква-паркот, директорот треба да понесе одговорност наместо граѓаните уште едно лето да останат без овој капацитет“, порачуваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред…
Од Левица реагираат дека Скопје и ова…
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…
Левица: Јаневска да каже што направила, а…
Левица реагира на демантот на министерката за…
Левица: Министерството за образование како селска крчма
Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…