Белгија почна да произведува системи за откривање и спротивставување на дронови
Белгија во соработка со австралиска компанија почна производството на системи за откривање и спротивставување на беспилотни летала.
Со тоа Белгија е втора држава во светот, по Австралија што ќе произведува системи „РфПатрол Мк2“, кои имаат примена и во цивилни и воени цели.
Се предвидува дека белгиското производство ќе може да се прошири и испораките ќе се вршат брзо, обезбедувајќи компатибилност во работата на европските вооружени сили.
Белгиските власти донесоа посебен буџет за контрамерки против беспилотни летала, откако аеродромот во Брисел беше затворен многу пати на крајот на минатата година поради појавата на беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…
Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…
Повеќе лица загинаа, а голем број се…
Белгија почна да произведува системи за откривање…
Белгија во соработка со австралиска компанија почна…
Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…
Во белгискиот главен град Брисел е воведен…
Училишен автобус се удри во воз во…
Неколку лица загинале откако воз се судрил…