Објавено на:

Бугарки „оперирале“ во Сплит — толку се фокусирале на нечиј ранец, што не ги забележале полицајците

t

Во центарот на Сплит, вчера напладне, полициски службеници вршејќи должности за спречување на криминал, спречиле извршување кривично дело против странски државјанин, објавија хрватските медиуми.

Полициските службеници забележале две жени како се однесуваат сомнително и ги виделе како земаат паричник од ранец на човек кој го носел на грб. Брзата реакција на полициските службеници спречила извршување на кривичното дело кражба, а паричникот бил вратен на сопственикот.

Двете жени државјанки на Бугарија биле уапсени и приведени во полициската станица. Спроведената кривична истрага утврдила постоење на основано сомнение дека, покрај опишаниот обид за кражба, истиот ден, 14 јуни 2026 година, помеѓу 11 и 12 часот, на друга локација во центарот на Сплит, паричникот што се наоѓал во ранец на турист, бил украден од нив.

По завршувањето на истрагата, против двете Бугарки ќе бидат поднесени кривични пријави до надлежното државно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И реките Тополка и Бабуна загадени, не…

Најновите анализи што ги изврши Центарот за…

(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…

„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…

Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…

Германија го заострува ставот кон враќањето на…