Јаневска: Државната матура годинава помина во најдобар ред, шеесетина ученици отстранети поради препишување

t

Државната матура оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување, информира денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што повеќето од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.

– Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства – рече Јаневска.

Таа посочи дека бројот на ученици што биле отстранети од испитите поради препишување е значително намален во споредба со претходните години.

– Од двата испитни термина отстранети се шеесетина ученици, што покажува дека има одличен напредок во спроведувањето на матурата – нагласи министерката.

Според неа, станува збор за ученици што биле фатени при препишување и веднаш биле исклучени од полагањето.

Јаневска информира дека овие ученици ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок во август.

Министерката истакна и дека годинава е воведен нов пристап во полагањето, со два типа на матура во зависност од наставните планови и програми, со што, како што рече, е исправена досегашната нерамноправност меѓу учениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат повлекување персонал од амбасадите во…

Американскиот Стејт департмент подготвува наредба за заминување…

Турција, Катар, Пакистан и Индонезија потпишаа договор…

Турција, Катар, Пакистан и Индонезија потпишаа меморандум…

Рама: Оркестрираното насилство има поддршка од странски…

Оркестрирано насилство“ ги нарече албанскиот премиер Еди…

Смртоносна болест се шири во нови земји:…

Нова тревога во Африка поради ширењето на…

Полска ја осуди одлуката на Лавов да…

Полскиот премиер Доналд Туск остро реагираше на…