Објавено на:

Нов притисок врз Рама од Брисел поради проектот поврзан со зетот на Трамп

t

Албанија се соочува со засилен притисок од европските институции поради градежни активности во заштитени природни подрачја, откако Европскиот парламент побара итен прекин на ваквите проекти и воведување мораториум за нови дозволи.

Повикот доаѓа во период кога во Албанија се одржаа повеќедневни протести под мотото „Фламинго револуција“, насочени против проектот за изградба на луксузно одморалиште, кое медиумите го поврзуваат со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Протести беа организирани и од албанската дијаспора во повеќе земји низ светот.

Во усвоената резолуција за Извештајот на Европската комисија за Албанија за 2025 година, европратениците побараа итен мораториум на новите дозволи и градежни активности во заштитените подрачја. Иако во претходна верзија на документот бил споменат конкретниот проект поврзан со Кушнер, тој дел не беше вклучен во конечниот текст.

Холандската европратеничка Тинеке Стрик изјави дека протестите покажуваат оти албанските граѓани се грижат и за заштитата на животната средина и за европската перспектива на земјата.

Европските институции истовремено бараат од Албанија да ги преиспита измените во законодавството за заштитени подрачја и да го укине законот за стратешки инвестиции, кој овозможи реализација на големи развојни проекти во чувствителни природни зони.

За време на дебатата во Стразбур, италијанската европратеничка Иларија Салис оцени дека Европската Унија треба внимателно да ги следи случувањата во Албанија, истакнувајќи дека активното граѓанско општество е важен гарант за демократскиот развој и европската интеграција на земјата.

Комесарката за проширување Марта Кос изјави дека албанската влада дала уверувања оти ќе биде спроведена целосна проценка на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските стандарди во оваа област. Таа додаде дека Албанија останува меѓу најнапредните земји кандидати во процесот на проширување.

Премиерот Еди Рама реагираше на расправата во Европскиот парламент преку објава на социјалните мрежи, уверувајќи дека природните богатства во регионот ќе бидат заштитени и дека сите идни активности ќе се реализираат во согласност со европските еколошки стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов притисок врз Рама од Брисел поради…

Албанија се соочува со засилен притисок од…

Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата…

Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика,…

Зеленски: „Ако гори Украина, ќе гори и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев…

Уапсен е скопјанец – се обиде да…

МВР информира дека вчера попладне во 15:20…

Миноски: Без структурни реформи нема одржлив економски…

Поранешниот министер за финансии, повикувајќи се на…