Минималната синдикална кошница 68.854 денари во јуни
Најмалку 68.654 денари се потребни за едно четирчлено семејство за да ги покрие основните месечни трошоци за јуни, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Ако семејството нема сопствен дом и изнајмува стан ов 60 метри квадратни, финансискиот товар се зголемува, а сумата достигнува 84.024 денари.
Во споредба со мај, минималната синдикална кошница е за 88 денари помалку.
Убедливо најголемите трошоци се за храната и пијалоците за кои се потребни 25.120 денари, и претставува 36.6% од вкупниот семеен буџет. Втора ставка е образованието, каде за едукативни потреби на семејството се издвојуваат 7.192 денари (10,5%).
За облека и обувки се издвојуваат 6.511 денари (9,5%), додека режиските трошоци како вода, струја, греење за сопствен стан изнесуваат 6.379 денари.
За рекреација и култура се наменети 5.592 денари, за транспорт 5.089 денари, за исхрана во ресторани и хотелски услуги 4.131 денар. Трошоците за комуникации се на дното на листата 3.677 денари, лична хигиена и одржување на домот 2.667 денари, здравје 1.196 денари и останати стоки 1.100 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…
Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…
Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…