Уште еден македонски кошаркар кариерата ја продолжува во САД
Сѐ повеќе македонски кошаркари ја избираат НЦАА-лигата како следен чекор во кариерата, а најнов кој се реши за таков потег е Андреј Митревски.
Македонскиот интернационалец од наредната сезона ќе настапува за Пацифичкиот универзитет во Стоктон.
Тимот на Пацифик се натпреварува во конференцијата Вест Коуст, каде што најголемо реноме има Гонзага. Дел од истата конференција е и Вашингтон Стејт, клуб за кој до неодамна играше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски. Во изминатата сезона Пацифик оствари учинок од 18 победи и 15 порази.
Митревски во септември ќе наполни 23 години, а зад себе има богато репрезентативно искуство настапувајќи за сите младински селекции на Македонија, како и за сениорскиот национален тим. На клупски план најголем белег остави во редовите на ТФТ и Пелистер, откако претходно настапуваше и за еден скопски клуб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден македонски кошаркар кариерата ја продолжува…
Сѐ повеќе македонски кошаркари ја избираат НЦАА-лигата…
Џ.Д. Венс до Израел: „Ние сме единствените…
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го предупреди Израел…
Хегсет вели дека Европа мора да ја…
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, порача…
Потпишан мировниот договор меѓу САД и Иран…
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп…
Иран прогласи победа во конфликтот со САД
Првичниот договор меѓу САД и Иран постигнат…