СДСМ: Намалената невработеност е резултат на иселувањето
Намалувањето на стапката на невработеност, кое го презентира Владата, не е резултат на отворање нови работни места или на подобрени економски услови, туку пред сè на иселувањето на младите луѓе од државата, велат од СДСМ.
Според најголемата опозициска партија, голем број млади ја напуштаат земјата бидејќи не гледаат перспектива за својата иднина, а причините ги лоцираат во, како што велат, корупцијата, партизацијата на институциите, недостигот на реформи и застојот во евроинтегративниот процес.
„Тие јасно ја препознаваат политиката на Христијан Мицкоски, криминал, корупција, партизација, нема систем, има блокада на европскиот пат и одржување на земјата во изолација.
Без европска интеграција нема економски просперитет, нема повисоки плати, нема квалитетни работни места и нема иднина. Младите тоа го знаат и затоа заминуваат.
Наместо да ја отвори вратата кон Европа, Мицкоски ја затвора и ја претвора Македонија во слепо црево на Балканот – земја без визија, без перспектива и без доверба“, се вели во соопштението на СДСМ.
Во партиското соопштение социјалдемократите наведуваат и дека Владата, по две години мандат, не ги исполнила клучните ветувања дадени пред граѓаните, поради што, според нив, сега најавува нови мерки и програми со цел да го подобри својот рејтинг.
Од партијата тврдат дека најавените оперативни планови, финансиски додатоци и други мерки претставуваат само ветувања без реална основа и обид за дефокусирање на јавноста од, како што велат, слабите резултати на Владата.
„Наместо системски мерки за задржување на младите, тој нуди козметички додатоци и статистички трикови, како што Македонија е трета економија во Европа.
Наместо да ја врати довербата, тој продолжува да ја уништува со континуирано лажење и одложување на европскиот пат.
Граѓаните, а особено младите, повеќе не веруваат во ВМРО и во Мицкоски. Тие јасно гледаат дека оваа власт нема ниту морал, ниту капацитет да ја води земјата напред“, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Намалената невработеност е резултат на иселувањето
Намалувањето на стапката на невработеност, кое го…
СДСМ ја критикува реконструкцијата на Владата: Нов…
Од СДСМ со критики до власта за…
Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие…
Соопштение за јавност – реакција на изјавата…
СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што…
Соопштение за јавност Апликацијата „Мој ДДВ“ пет…
СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен…
Кризата со откупот на млеко се зголемува,…