Македонските кошаркари ќе играат контролен меч против Бугарија
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде против Бугарија.
По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во овој подготвителен период.
За дуелот против бугарската селекција, стручниот штаб ќе располага со 13 кошаркари. Тимот го предводи капитенот Војдан Стојановски, а во составот се уште и:
– Стојан Ѓуроски, Марин Петков, Валмир Какруки, Виктор Ефремовски, Лука Стојановски, Амар Хот, Павел Иванов, Виктор Ташовски, Мухамед Тачи, Марко Луканоски, Петар Бошалески и Тома Стојаноски.
Натпреварот Бугарија – Македонија ќе се одигра денеска со почеток од 18.00 часот според македонско време, и ќе биде првиот тест за „црвено-жолтите“ пред официјалните дуели во јулскиот ФИБА циклус.
Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите за Евробаскет 2029 – против Ирска на 2 јули во Скопје и против Луксембург на 5 јули на гостински терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…
Димитровски: И да го смениме Уставот поради…
Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…
Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…
Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…
Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…
Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…
Во периодот јануари – март годинава во…