Објавено на:

Трагична сообраќајка во Италија: Возило со девет млади луѓе заврши во канал, има загинати

t

Три млади лица загинаа, а шест други беа повредени во недела наутро во северна Италија откако возилото во кое се возеле паднало во канал, според извештаите од пожарникарите и службите за итни случаи.

Пожарникарите реагираа кратко по 5 часот наутро во Сенаго, село северно од Милано, „поради тоа што возило со девет млади лица скршнало од патот во канал“, рекоа тие на Телеграм.

„Исходот е трагичен, три лица загинаа, а шест се повредени“, додадоа тие.

Меѓу жртвите има двајца 17-годишници и една млада жена, изјавија за АФП од службата за брза помош и спасување во Ломбардија.

„Шест други лица се пациенти на возраст помеѓу приближно 17 и 19 години, сите со повеќекратни модринки, и се хоспитализирани“ во болницата Нигарда во Милано, се вели во соопштението.

Меѓу нив беше и 19-годишниот возач, чие ниво на алкохол во крвта беше утврдено, според италијанските новински агенции Анса и АГИ.

„Три млади животи беа прекинати, шест тинејџери беа повредени. Девет лица беа во автомобилот што заврши во каналот; возачот беше пијан. Ова е неприфатливо“, напиша италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, кој е и министер за транспорт, на мрежата „Икс“.

„Можеме да ги донесеме сите можни закони за зајакнување на безбедноста на патиштата, но дури и тоа не е доволно. Водечка причина за смрт кај младите луѓе се сè уште сообраќајните несреќи, а не болестите или дрогата“, додаде тој, пренесе “Хина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…