Објавено на:

Златен медал за македонската теквондистка Ведрана Тунески на Г1 Сараево опен

t

Македонската теквондистка Ведрана Тунески, член на ТК Бутел) дојде до важно злато на Г1 турнирите во кадетска конкуренција.

На меѓународниот турнир Г1 Сараево опен во Босна и Херцеговина, во нејзината категорија -51кг., во првото коло беше слободна.

Во второто коло забележа победа од 2:0 над Зејнеп Догру од Турција, а во четвртфиналето славеше 2:0 против Арина Ткачева од Русија.

Нов триумф запиша во полуфиналниот меч против Далиа Сивиќ од Босна и Херцеговина (2:0).

И во финалната борба Тунески дојде до победа над Ксенија Гушева од Русија (2:0) која што стана европски клупски шампион пред два дена во истата категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакиран телефонот на зетот на Трамп: Кушнер…

Телефонот на Џаред Кушнер, зетот на американскиот…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…

Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…

Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…

Бугарија денес избира претседател. Право на глас…