Трамп е одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, вели германскиот министер за одбрана
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец.
„На крајот на краиштата, Доналд Трамп го стави чепот во Ормутскиот теснец, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме“, рече Писториус во интервју за германскиот јавен сервис ARD.
Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормутскиот теснец, или можноста за безбеден транзит низ него, е во интерес на Европа, во интерес на снабдувањето со енергија и економското закрепнување.
Министерот додаде дека секој договор за повторно отворање на теснецот ќе бара поддршка од Иран и Оман.
Иранските власти објавија во саботата дека го затвораат Ормутскиот теснец поради континуираните израелски напади врз јужен Либан, каде што Израелците ги напаѓаат позициите на либанското движење „Хезболах“, поддржано од Иран.
Трамп претходно во текот на денот се закани дека ќе го нападне Иран ако неговите сојузници во Либан, Хезболах, против кој се бори Израел, „продолжат да предизвикуваат проблеми“, пренесе „Бета“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…