Техеран објави дека формира четири работни групи со САД за иранската нуклеарна програма
Техничките разговори во Швајцарија, дел од преговорите меѓу САД и Иран, завршија со создавање работни групи за испитување на нуклеарната програма на Иран и укинување на санкциите, изјави висок ирански функционер за иранската новинска агенција ИРНА, цитиран и од агенцијата Франс-прес, пренесува БТА.
„Како резултат на консултациите, кои се продолжение на разговорите во неделата, беше одлучено да се создадат четири работни групи за испитување на укинување на санкциите, нуклеарната програма, реконструкцијата на Иран и економскиот развој. Ќе се формира и помошна група“, изјави за ИРНА иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, кој е и експерт за правни прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…