Објавено на:

Израелски аналитичар: Европа ја потценува Русија како што тоа го правеа Наполеон и Хитлер

t

Израелскиот воено-политички аналитичар Јаков Кедми оцени дека милитаризацијата на Европската Унија и сè поострата антируска реторика на европските лидери претставуваат опасна грешка што може да има сериозни последици за самата Европа.

Кедми, во интервју за израелските медиуми, изјави дека во некои европски политички кругови постои погрешна проценка дека стратешката воздржаност на Русија е знак на слабост и неподготвеност на Москва да одговори на евентуална ескалација.

Според него, таквото верување потсетува на историските заблуди на оние што ја потценувале Русија во минатото, верувајќи дека лесно ќе ја освојат. Кедми оцени дека слични проценки дале и Чарлс XII, Наполеон и Хитлер, кои, како што изјави, тргнале од претпоставката дека пред себе имаат земја што нема да може да пружи решителен отпор. Израелски аналитичар предупреди дека евентуалниот конфликт од големи размери со Русија би бил катастрофален за Европа, со оглед на современите воени капацитети, вклучувајќи нуклеарно и стратешко оружје. Тој особено истакна дека во таквo сценарио клучните европски центри, како што се Лондон, Париз и Берлин, би можеле да бидат меѓу првите цели. Кедми додаде дека противвоздушните и противракетните одбранбени системи достапни во Западна Европа нема да можат да го променат текот на евентуален конфликт или целосно да ги заштитат европските престолнини од руските ракетни напади. Осврнувајќи се на улогата на Велика Британија, Кедми изјави дека Лондон претходно се обидувал да избегне директно учество во големи конфронтации и да дејствува од втор план, но дека сегашната отворена воинственост би можела да ги претвори Британските острови во една од примарните цели во случај на поширока ескалација. Според неговото мислење, продолжувањето на агресивната политика кон Москва нема да ја зголеми безбедноста на Европа, туку, напротив, ќе ја стави во позиција да стане главна сцена на последиците од сопствените погрешни проценки. „Европските лидери, наместо да бараат начин за намалување на тензиите, сè повеќе влегуваат во логиката на конфронтација, не сфаќајќи дека во таков конфликт Европа нема да биде заштитена, туку најизложена“, рече Кедми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски аналитичар: Европа ја потценува Русија како…

Израелскиот воено-политички аналитичар Јаков Кедми оцени дека…

Биткоинот падна под 60.000 долари, инвеститорите се…

Зголемената неизвесност на финансиските пазари и намалената…

Трамп испрати остра порака за можниот наследник…

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат јавно го…

Костадиновски: Јас можам да биде сè само…

„Сакам граѓаните да знаат дека политичарите многу…

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со…

Со изведување на материјални докази од Обвинителство,…