Објавено на:

Европската Унија испраќа помош во Венецуела по двата разорни земјотреси

t

Европската комисија распоредува спасувачки екипи и друга помош во Венецуела по двата разорни земјотреси што ја погодија јужноамериканската земја. Досега осум земји членки – Чешка, Шпанија, Италија, Франција, Луксембург, Германија, Португалија и Холандија – испратија помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Од овие осум земји досега се мобилизирани повеќе од 520 спасувачи што ќе бидат испратени во погодените подрачја, се испраќаат и медицински тимови, како и телекомуникациска и енергетска опрема.

„Стоиме покрај народот на Венецуела во оваа голема трагедија и катастрофа. Благодарност до сите земји членки за нивната солидарност и брзината во испраќањето на помошта која вклучува пожарникари, кучиња спасувачи, медицински персонал и други форми на помош. Венецуела не е сама“,порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од ЕК порачаа дека доколку има потреба Унијата е подготвена да обезбеди дополнителна помош за Венецуела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…