Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“, улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни во 16:40 часот.
Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И. (66) од село Долно Свиларе, скопско, и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.А. (28) од Скопје.
Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а причините за сообраќајката се утврдуваат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…
Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…
Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…
Путин по заканите од Естонија за војна:…
Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…
# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…
Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…