Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на границата – туку таму каде што нема безбедност и перспектива
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата и да престане да ја третира исклучиво како прашање на контрола на границите, порача премиерот.
Според него, миграцијата е последица на многу поширок сплет на безбедносни, економски и социјални фактори.
„Истовремено, мора поинаку да пристапиме и кон миграцијата.“
Потоа тој ги наброја причините кои ги принудуваат луѓето да ги напуштаат своите домови:
„Миграцијата започнува таму каде што нема безбедност, вработување, образование, пристап до вода, перспектива или верба дека утрешниот ден ќе биде подобар од денешниот.“
Оттука, според премиерот, миграциската политика не може да се сведе само на физичко обезбедување на државните граници.
„Таа не е само прашање на граници.“
Одговорната политика, рече тој, мора да воспостави рамнотежа меѓу повеќе фактори кои понекогаш се третираат како спротивставени.
„Одговорната политика мора да ги поврзе безбедноста, човечкото достоинство, развојот и реалните потреби на пазарите на трудот.“
Темата беше поставена во поширокиот контекст на глобалната нестабилност. На почетокот од обраќањето премиерот посочи дека, и покрај огромниот технолошки напредок, милиони луѓе сè уште живеат во војна или под закана од војна, а повеќе од сто милиони се присилно раселени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во рафинерија во Индија:…
Голем пожар избувна вечерва, 2 ноември, во…
Русија се повлекува од Конвенцијата против тортура
Русија официјално се повлече од Европската конвенција…
Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени три лица
Три лица се лишени од слобода во…
ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…
Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…