Спречена голема катастрофа: Двајца камионџии возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави
На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.
Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.
Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…
# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…
Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…
Такер Карлсон откри детали од разговорот со…
Американскиот новинар и конзервативен коментатор Такер Карлсон…
Полимаркет отвори „обложување“ на победникот на изборите…
За разлика од „обложувачниците“ на глобалната платформа…
Мицкоски се сретна со генералниот секретар на…
Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во седиштето на…