Биљали-Зендели за ВЛЕН: По две години влада, тие се ништо, не исполнија ниту едно ветување
Се навршија две години од формирањето на Владата на ВМРО–НИШТО–ЗНАМ. Пред околу две години, НИШТО ја побара довербата на Албанците со спектакуларни ветувања. Вети достоинство, еднаквост, развој и нова ера. Денес, по 24 месеци на власт, граѓаните поставуваат само три прашања: Каде се ветувањата? Каде се резултатите? Каде е промената“, праша портпаролката на ДУИ, Арта Биљали-Зендели на денешната прес конференција.
„Одговорот е јасен и краток: никаде. Нивниот биланс не е листа на успеси, туку листа на неисполнети ветувања. Ветија нов Устав. Не отворија ниту дебата. Ветија уставни измени за три месеци, за шест месеци! По повеќе од 24 месеци нема ништо! Ветија целосна рамноправност на албанскиот јазик. Наместо тоа, ги ослабеа механизмите што го штитат. Ветија правична застапеност. Го укинаа Балансерот и предлагаат закон кој во ниту една своја одредба не гарантира соодветна застапеност. Ветија Албанска банка. Не постои. Ветија акции во вредност до 10.000 евра за секој граѓанин. Не постојат. Ветија право на глас за дијаспората, Министерство за дијаспора и Национален совет на дијаспората. Не постојат. Ветија Албанска академија на науките и уметностите. Завршија со канцеларија под кирија. Ветија шест регионални болници. Не е изградена ниту една. Ветија автопати, железници, Суво пристаниште, економски зони и развој. Ниту еден капитален проект не е започнат. Ветија изборни реформи, борба против корупцијата, повисоки пензии, бескаматни кредити за младите брачни парови и стотици други мерки. Ништо. Денес е јасно дека НИШТО не реализираше ниту едно свое ветување. Затоа денес Албанците имаат право да бараат одговори:
- Каде е новиот Устав?
- Каде се уставните измени?
- Каде е еднаквоста на албанскиот јазик?
- Каде е Албанската банка?
- Каде се акциите од 10.000 евра?
- Каде се болниците?
- Каде е дијаспората?
- Каде е Албанската академија?
- каде е Еразмус за албанските универзитети?
- Каде се автопатите, железниците и инвестициите“, праша Биљали-Зендели.
Таа обвини дека власта нема никакви резултати
„Одговорот е само еден и единствен: Не постојат. Постојат само во изборната програма од 2024 година. Затоа, името што денес најдобро ја опишува оваа политичка групација е она што граѓаните веќе им го дадоа: НИШТО. Затоа што по две години на власт, нивниот резултат е токму тоа -ништо. Демократската унија за интеграција оценува дека Албанците заслужуваат сериозна политика, одговорност и резултати, а не пропаганда и изборен маркетинг. Времето на измамите заврши. Времето на отчетноста започна“, рече портпаролката на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биљали-Зендели за ВЛЕН: По две години влада,…
Се навршија две години од формирањето на…
Спречена голема катастрофа: Двајца камионџии возеле во…
Лишени од слобода двајца возачи затоа што…
Австралија се бори со технолошките гиганти за…
Австралија мора да се бори против технолошките…
Температури и над 40 степени: Македонија ќе…
Македонија влегува во период на екстремно високи…
Зеленски: Продолжуваме да ја ослабнуваме способноста на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека…