Прв протест против владата на Румен Радев: Илјадници на улиците во Софија, организаторите најавуваат нови демонстрации
Илјадници граѓани синоќа протестираа во Софија на првиот протест против владата на премиерот Румен Радев, изразувајќи незадоволство од нејзината политика и предложениот државен буџет. Организаторите го обвинија Радев дека ја води Бугарија кон проруска политика, споредувајќи го со унгарскиот премиер Виктор Орбан и поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.
Иако протестот беше организиран во време на летни одмори и без поголема медиумска кампања, според организаторите на него учествувале меѓу 1.000 и 2.000 граѓани. Еден од организаторите, новинарот Манол Глишев, најави нов протест веќе следната недела, оценувајќи дека собирот бил успешен и покрај минималните ресурси.
Поддржувачите на протестот сметаат дека започнува пошироко граѓанско обединување против владата. Демонстрациите се први од ваков вид откако Радев ја презеде функцијата премиер и најавуваат можно засилување на политичкиот притисок врз владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…