Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти

t

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави:


„Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала во Скопје, Турскиот театар, Џез салата и така натаму, сега да не ги редам еден по еден, тоа се многу проекти коишто се во фаза на реализација или ќе отпочнат со фаза на реализација. И очекувам дека овие средства ќе бидат доволни за да оваа година се засилат градежните активности на нови објекти и ако е потребно на крај на година, при таа конечна прераспределба, ќе додадеме и дополнително. Важно е да се трошат пари за капитални инвестиции, бидејќи тие создаваат додадена вредност и тие се тие кои што влијаат врз квалитетот на граѓаните. Да не се трошат за друг тип на трансфери или како што веќе споменав, наместо да се гради, да се краде. Така за жал имавме случаи во државата со децении во минатото.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…

Компаниите од DAX индексот објавија рекордна добивка,…

Четириесет од германските компании кои го сочинуваат…

ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…

Европската унија го заврши првото полугодие од…

Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…

Полската економија станува се позначајна во Европската…

Министерство за економија: Нема потреба од интервентни…

Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на…