Украина: Никој веќе нема да ни диктира кои херои да ги славиме
Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон во парламентот за отворање национален пантеон во чест на хероите на земјата.
„Имињата на сите херои кои низ различни векови и епохи се бореле за Украина и ја инспирирале Украина ќе бидат собрани и засекогаш врежани во нашата историја“, кажа Зеленски.
Спомен-местото ќе биде изградено во Киев.
„Никој веќе нема да им диктира на Украинците кои херои треба да ги почитуваат, кои празници треба да ги слават или која историја треба да ја учат. Нашите предци се бореле со векови за ова право на слободно самоопределување и национална независност и токму тоа е она за што нашите војници ја пролеваат својата крв денес“, додаде Кирило Буданов, шеф на претседателскиот кабинет на Зеленски.
Ова следува откако полскиот претседател Карол Навроцки му го одзеде на Зеленски највисокиот државен орден поради историски спор поврзан со Втората светска војна.
Спорот почна кон крајот на мај, кога Зеленски на една украинска воена единица ѝ ја додели почесната титула „Херои на УПА“. Припадниците на Украинската востаничка армија (УПА) по Втората светска војна се спротивставувале на советската власт, но се сметаат за одговорни за убивањето на десетици илјади Полјаци и Евреи на територијата на денешна западна Украина за време на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…