Со изјава кај матичен лекар, секој полнолетен може да стане дарител на органи
Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.
Според Министерството за здравство, новите измени воведуваат значајни промени кои имаат цел да ја зголемат транспарентноста, довербата и бројот на органски дарители во државата.
Една од клучните новини е воведување можност секој полнолетен граѓанин да даде лична изјава кај својот матичен лекар дали сака да биде дарител на органи по смртта. Изјаснувањето ќе се спроведува и преку дигитален систем во „Мој Термин“, со двојна верификација, а граѓаните ќе можат во секое време да ја променат или повлечат одлуката.
Министерството нагласува дека со ова се добива појасна слика за ставовите на граѓаните и се зајакнува довербата во системот за трансплантација.
Законот предвидува и проширување на кругот на живи дарители до четврти степен на сродство, при што секој случај ќе биде предмет на проценка од Етичка комисија за да се спречат злоупотреби и трговија со органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Д-р Ивановски: Дарувањето органи може да…
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника…
(Видео) Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и…
Во рамки на националната кампања под мотото…
(Видео) Д-р Штерјова Марковска: Oрганодарителството е чин…
Во рамки на националната кампања, што се…