Седум српски камионџии се повредени во експлозија на плинска боца во Австрија
Седум возачи на камиони од Србија биле повредени откако плинска боца експлодирала додека подготвувале оброк на подрачјето на аеродромот „Хершинг“ во Австрија, пренесува „Нова“.
Несреќата се случила околу 15:20 часот во саботата, кога возачите готвеле оброк во приколка. Од засега неутврдени причини, боцата ненадејно експлодирала.
Еден од очевидците бил 53-годишен државјанин на Србија, кој веднаш по експлозијата им притрчал на помош на повредените колеги. Според медиумите, токму тој ја започнал акцијата за спасување и укажувал прва помош до доаѓањето на итните служби.
Најтешко се повредени 41-годишен возач и неговиот 54-годишен колега, кои се здобиле со тешки повреди. И двајцата биле пренесени со хеликоптер во Општата болница во Виена.
Останатите пет повредени мажи се згрижени во болниците во Линц и во Велс.
Полицијата започнала истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум српски камионџии се повредени во експлозија…
Седум возачи на камиони од Србија биле…
Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…
Австриската влада најави нов пакет мерки со…
Австрија му донираше три противпожарни возила на…
Територијалната противпожарна единица во Куманово доби донација…
Во Австрија уапсен 39 годишник, осомничен за…
Полицијата во источна Австрија соопшти дека 39-годишник…
Пет деца повредени во Австрија: експлодирала муниција…
Пет деца на возраст од 10 до…